logo
logo
logo

КРАЈ ЗА ВИСЕЊЕ ПО ШАЛТЕРИ - Судско уверение за фирмите сега се вади со еден клик од фотелја!

Vecer | 05.08.2026

КРАЈ ЗА ВИСЕЊЕ ПО ШАЛТЕРИ - Судско уверение за фирмите сега се вади со еден клик од фотелја!

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови.

-Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција од основните судови. Наместо одење на шалтер и губење време, компаниите можат електронски да поднесат барање преку Националниот портал uslugi.gov.mk. Побрза постапка, помалку бирократија и повеќе време за работа и развој - вели министерот за дигитална трансформација.

Андоновски посочува дека дигиталната трансформација има вистинска вредност кога институциите стануваат поефикасни, а услугите подостапни за граѓаните и компаниите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk