logo
logo
logo

КОНГРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ НА 12 ДЕКЕМВРИ - Мицкоски ужива најголема доверба во партијата

Vecer | 19.11.2021

КОНГРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ НА 12 ДЕКЕМВРИ - Мицкоски ужива најголема доверба во партијата

ВМРО-ДПМНЕ на 12 декември во Скопје ќе одржи Конгрес на кој ќе се избира лидер на партијата, соопшти вечерва потпретседателот на партијата, Александар Николоски, и посочи дека таквата одлука била донесена на вечерашниот Извршен комитет.

– Кандидат за нов партиски лидер може да биде секој што ќе добие поддршка од 30 делегати на Конгресот, а актуелниот претседател Христијан Мицкоски ужива апсолутна доверба во партијата, особено по големата победа на локалните избори. Тој ја има и мојата лична поддршка – изјави Николоски.

Претходно, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, истакна дека на претстојниот Конгрес ќе се трасира патот на идното делување и политиките на партијата во насока на обезбедувањето нова иднина за сите луѓе во Македонија.

https://youtu.be/5o7-wl6g-hk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk