logo
logo
logo

ЈАНЕВСКА СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО: 26 рурални училишта се затвораат, 300 паралелки помалку во основно и средно

Vecer | 25.08.2026

ЈАНЕВСКА СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО: 26 рурални училишта се затвораат, 300 паралелки помалку во основно и средно

Намалувањето на бројот на ученици во основното образование продолжува да се одразува и врз организацијата на наставата во училиштата. Министерка за образование Весна Јаневска денеска информираше дека бројот на запишани првачиња е значително помал во споредба со минатата година, а поради намалениот број ученици ќе се затворат 26 рурални училишта. Дополнително, во основното образование ќе има околу 200 паралелки помалку, додека во средното образовние бројот ќе се намали за околу 100 паралелки.

-Оваа година досега се запишани околу 14.500 првачиња. Но, потенцирам, тоа не е дефинитивна бројка затоа што во тек на целиот месец август и во септември ние дополнително запишуваме првачињата кои задоцниле на повикот за упис во прво одделение. Бројкат е помала од лани на разликата која претходно ја кажав над 4000 веќе се намалува – рече Јаневска.

На прашањето што ќе се случува со училиштатата кои немаат доволно ученици таа одговори дека тие ќе се затвораат.

-Оваа учебна година очекуваме да завршиме со бројка од 26 затворени рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои учат, наводно учат, 5 – 7 – 8 деца. Различна е состојбата во различнит е училишта. Во моменто имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование. Потенцирам дека тоа се прави со цел да им се овозможи социјализација на учениците и да се подобри квалитетот на образованието. Не сакаме нивно изолирано постоење во одредена рурална средина каде што владеат одредени принципи, па и одредени стереотипи и каде што квалитетот на образованието не може да биде соодветен заради малиот број на ученици. Посебно ако станува збор за комбинирани паралелки каде што ученици од три различни одделенија – колку што со закон е дозволено – па да има 5 ученици – два во прво, еден во трето и два во петоо оделение – нагласи министерката.

Таа објасни дека ако има можност овие деца да се приклучат на поголема група на ученици, тоа и ќе се направи. Од проста причина што тие мора да стекнуваат образовцаниое, да се описменуваат – не само да читаат ипишуваат – туку и да разбираат повеќе математички процеси, да ги разбираат природните феномени, општествените појави. Но,не и ако училиште се наоѓа над 20 или 15 километри оддалечено од првото најблиско училиште. И акопатиштата по кои се патува се несоодветни и недостапни и што не е соодветно за мали деца од прво до петто оддление. Меѓутоа, доколку на 2,5 километри имаме централно училиште во кое учат 200 деца, а на 2,5 километри имаме училиште во кое учат 18 деца, нема логика да ги чуваме заробени деца во тоа училиште – нагласи министерката за образование.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk