logo
logo
logo

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА

ИЛИНДЕНСКИ МАРШ - Кочанската коњаница тргна кон мечин камен

Vecer | 25.07.2026

ИЛИНДЕНСКИ МАРШ - Кочанската коњаница тргна кон мечин камен

Копитата на коњите денеска одекнаа низ Кочани. Со свечено дефиле низ градот, коњаници од Кочани го започнаа илинденскиот марш, кој и оваа година е посветен на чествувањето на Илинден и споменот на илинденците.

На емотивната церемонија кај „Алејата на ангелите“, коњаниците положија свежо цвеќе во спомен на загинатите сограѓани во таканаречената дискотека Пулс. Маршот на илинденската коњаница кулминираше во Паркот на Револуцијата, каде што се одржа пригодна културно-уметничка програма.

Бројните посетители имаа можност да уживаат во традиционалните ритми и игри со настапите на Оркестарот на изворна музика и на Фолклорниот ансамбл „Мугри”.

Во овогодинешниот марш учествуваат десетина коњаници од Кочани и Битола. Нивната досегашна маршрута е само почеток на неколкудневниот пат, кој традиционално ќе заврши на историскиот Мечкин Камен во Крушево, на големиот национален празник Илинден.

Преку овој настан, Кочани уште еднаш се промовира како град кој силно ги почитува својата историја, култура и национални вредности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk