logo
logo
logo

„ГРУБИ Е ЦРНАТА КУТИЈА“ – ВЛЕН: За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња

Vecer | 14.08.2026

„ГРУБИ Е ЦРНАТА КУТИЈА“ – ВЛЕН: За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња

Обвинението против Артан Груби повторно ги зовре страстите во ДУИ, додека Али Ахмети најавува повлекување од активната политика. Од ВРЕДИ велат дека зад најавите за повлекување стои стравот од она што Груби би можел да го открие, оценувајќи дека „стравот од неговата меморија си го прави своето“.

-„Приказни за мали деца“, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби. Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола, велат ВЛЕН.

Велат, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан.

-За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk