Двајца жители на демиркапиското село Корешница се осудени на шест и четири години затвор за грабнување на жител на Неготино, одлучи Основниот суд во Кавадарци. Во текот на постапката, обвинението против првообвинетиот Б.М. било делумно изменето по извршеното психијатриско вештачење, кое покажало дека во моментот на делото бил во состојба на битно намалена пресметливост поради трајно душевно заболување, односно хроничн
По пресудата на Б.М и на Ќ.С. им е продолжен притворот до правосилноста.
Обвинетите го признале делото и изразиле жалење.
Во април Секторот за внатрешни работи Велес информираше дека две лица од демиркаписко Корешница се уапсенни бидејќи грабнале момче од Неготино, го внеле во автомобил, му се заканувале со пиштол и со нож, а потоа и физички го нападнале.
„Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале“ информираше тогаш СВР Велес.
На 14 април, судот во Кавадарци определи притвор за двајцата осомничени грабнувачи.
Според тогашното соопштение на Обвинителството, двајцата осомничени на 12 април заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Неговиот соизвршител, 30-годишник од истото село, при грабнувањето употребил и пиштол, кој го репетирал и со кој му се заканил на оштетениот.
„Тие го качиле оштетениот во автомобил од дворот на неговата куќа во Неготино и се упатиле по стариот пат кон Демир Капија, а за цело време му се заканувале по живот и го удирале со боксови. Го фрлиле мобилниот телефон на оштетениот и му ставиле црни ќеси на главата за да не гледа каде го носат. Кога стигнале во шума, го извадиле од возилото и го терале да слуша аудио снимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал. Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди“, соопшти Обвинителството.
Меѓутоа, пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успеал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото.
Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите и ги контактирала, а тие дознавајќи дека се откриени, го однеле оштетениот во полициската станица во Неготино.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата