logo
logo
logo

ФОТОГАЛЕРИЈА | НОВА ОПРЕМА ЗА ЦАРИНАТА НА ТАБАНОВЦЕ: Посилна борба против организираниот криминал и корупцијата со поддршка од ЕУ

Vecer | 14.09.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | НОВА ОПРЕМА ЗА ЦАРИНАТА НА ТАБАНОВЦЕ: Посилна борба против организираниот криминал и корупцијата со поддршка од ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Граничниот премин Табановце порача дека Царинската управа добива нова опрема која ќе овозможи поголема ефикасност и уште посилна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Мицкоски присуствувал на настанот по повод успешното завршување на проектите реализирани во рамки на Акцискиот документ „ЕУ против организираниот криминал, со поддршка за трговијата“.

Според премиерот, вложувањето во опремата и капацитетите на Царинската управа е значаен чекор кон посилна институција и поефикасна заштита на границите.

„Царинските службеници се на првата линија во заштитата на законот и владеењето на правото и затоа ја имаат нашата целосна поддршка“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека определбата на Владата е јасна – криминалот да биде неисплатлив, а секој што ќе застане на страната на криминалот да одговара пред законот.

Мицкоски изрази благодарност до Европската Унија и амбасадорот Рокас за поддршката, како и до раководството и професионалните царински службеници.

„Ќе продолжиме силно да ја поддржуваме Царинската управа, со очекување добрите резултати да прераснат во уште подобри“, порача премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk