(ФОТО) СОЛУН ПОВТОРНО „НАШ“ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД: Македонците масовно кон Грција, колони на Богородица

Vecer | 23.10.2026

(ФОТО) СОЛУН ПОВТОРНО „НАШ“ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД: Македонците масовно кон Грција, колони на Богородица

Продолжениот викенд ги насочи македонските граѓани кон Грција, а зголемениот број возила на граничниот премин Богородица утрово создаде задржувања од околу 40 минути за преминување на границата.

Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез од државата.

Зголемениот сообраќај кон Грција се совпаѓа со продолжениот викенд по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е неработен ден. За дел од граѓаните, трите слободни дена се можност за кратко патување надвор од Македонија.

На патните правци надвор од градските средини, сообраќајот е со умерен интензитет и се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Од АМСМ информираат дека засега нема подолги задржувања на другите гранични премини, а возачите кои патуваат кон Грција треба да го имаат предвид зголемениот интензитет на сообраќај на Богородица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk