logo
logo
logo

ВИДЕО | КОЛОНИ НА ГРАНИЦИТЕ: До еден час се чека на Табановце и Богородица

Vecer | 22.08.2026

ВИДЕО | КОЛОНИ НА ГРАНИЦИТЕ: До еден час се чека на Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.

На граничниот премин Табановце, и за влез и за излез од државата, времето на чекање е од околу 40 минути до еден час.

Иста е состојбата и на граничниот премин Богородица, каде задржувањето од 40 минути до еден час се однесува на возилата кои ја напуштаат државата.

На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија.

Зголемената фреквенција доаѓа во период на засилен викенд-сообраќај и поголем број патници кон и од соседните држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk