logo
logo
logo

„ФИАТ ТИПО“ ПОЛН СО МИГРАНТИ - Латвиец фатен на Богородица додека превезувал 10 Египќани

Vecer | 18.08.2026

„ФИАТ ТИПО“ ПОЛН СО МИГРАНТИ -  Латвиец фатен на Богородица додека превезувал 10 Египќани

10 мигранти од Египет биле пронајдени во возило на 59-годишен државјанин на Латвија, кој синоќа бил уапсен во селото Богородица, Гевгелиско. Полицијата го запрела „Фиат Типо“ околу 22 часот и при контролата ги открила мигрантите, по што Латвиецот бил приведен и предаден во Полициската станица Гевгелија. Мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“, а против осомничениот по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

„На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштуваат од МВР.

Мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk