Сезонските изгледи на Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF модел) укажуваат на тоа дека есента 2026 во најголем дел од Европа ќе биде значително потопла од просекот (дури и за 2 до 3 степени потопла од повеќе годишниот просек), пишува Славчо Попоски, додавајќи дека врнежите во голем дел од Европа е бидат значително над просекот, а тоа значи дека голем дел од Европа во текот на есента би можел да се соочи со големи временски непогоди и со опасност од поплави.
Исто така и Балканот, вклучувајќи ја и Македонија очекува една топла есен со температури над просекот за есенските месеци (односно температурите ќе бидат за околу 2 степени повисоки од повеќе годишниот просек) Врнежите исто така ширум Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе бидат над просекот, односно очекувам повеќе врнежи во текот на есента и во нашиот дел од Европа, а постои поголема веројатност и за појава на временски непогоди и за локални поплави, прогнозира тој.
Како што објаснува метеопрогнозерот, ваквата ситуација е поради силното влијание на климатолошкиот и топол феномен (ЕЛ НИЊО) кој силно влијае на времето над европскиот континент. Силното влијание на Ел нињо ќе продолжи и во текот на есенските месеци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата