logo
logo
logo

Не наседнувајте: УЈП ПРЕДУПРЕДУВА НА ЛАЖНИ ПОРАКИ ЗА ПОВРАТ НА ПАРИ

Vecer | 26.08.2026

Не наседнувајте: УЈП ПРЕДУПРЕДУВА НА ЛАЖНИ ПОРАКИ ЗА ПОВРАТ НА ПАРИ

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека до граѓаните пристигнуваат лажни SMS-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк. Оттаму предупредуваат дека станува збор за можен обид за измама и апелира граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци.

Од УЈП велат дека информациите поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата.

„До граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека ‘даночниот поврат е подготвен’ и со приложен линк“, предупредуваат од Управата.

Доколку граѓаните ја добијат ваквата порака, не треба да го отвораат линкот, ниту да внесуваат матични, платежни, банкарски или други чувствителни податоци.

Од УЈП посочуваат дека ваквите пораки може да бидат дел од обид за кражба на лични и финансиски податоци.

Граѓаните можат да ги проверат информациите преку официјалната веб-страница на УЈП, официјалните електронски услуги, како и преку официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви.

Официјални контакти на УЈП:

Е-пошта: [email protected]

Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори)

Телефон: 02 3253 200

Веб-страница: www.ujp.gov.mk

Од УЈП апелираат граѓаните да не кликаат на линкови од сомнителни SMS-пораки и никому да не ги испраќаат своите лични и банкарски податоци. Институцијата воедно ги повика граѓаните да го споделат предупредувањето со своите блиски, со цел да се спречат можни злоупотреби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk