logo
logo
logo

На големите и малите одмори ДЕЖУРНИ НАСТАВНИЦИ ВО СЕКОЕ УЧИЛИШТЕ

Vecer | 04.05.2026

На големите и малите одмори ДЕЖУРНИ НАСТАВНИЦИ ВО СЕКОЕ УЧИЛИШТЕ

Министерството за образование и наука (МОН) постапува по закон и сопствените ингеренции, случајот со врсничко насилство во основно училиште во Ѓорче Петров е пријавен во Државниот просветен инспекторат (ДПИ), но дополнително се обративме до градоначалниците и испративме допис до училиштата дека мора да се врати една стара пракса, која постоеше и покажуваше ефекти, а тоа е на големите и малите одмори да има дежурен наставник, а не дежурни ученици во ходниците, туку дежурни наставници, кои ќе водат грижа за настаните во училиштето, не само во ходниците и во дворот на училиштето – изјави ресорната министерка Весна Јаневска.

Таа посочи дека она што се случило надвор од училиштето не е оправдување, тие се ученици на одредено училиште и наставниците мора да имаат увид во тоа како се однесуваат нивните ученици затоа што, како што рече, тоа е воспитно-образовен процес.

- Со овој допис ги задолживме дежурните наставници да бидат на видно место за кога ќе оди ДПИ во контрола да ги види. Се надевам дека ќе даде некаков ефект и оваа мерка што ја промовираме. Сега, дополнително, се спроведува и по прирачникот за справување со врсничко насилство и по закон. Оттука, и градоначалникот, и директорот, и наставниците треба да си ги спроведат своите обврски така како што е пропишано. МОН го прави она што треба да го направи. Оваа мерка е задолжителна и е испратена до сите училишта во државата – додаде Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk