logo
logo
logo

ФБИ ВЛЕЗЕ ВО ТРАГА НА 20-ГОДИШНИК ОД ТЕТОВСКО – откриени 29 снимки со сексуална злоупотреба на деца

Vecer | 15.10.2026

ФБИ ВЛЕЗЕ ВО ТРАГА НА 20-ГОДИШНИК ОД ТЕТОВСКО – откриени 29 снимки со сексуална злоупотреба на деца

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и помогна на македонската полиција да открие 20 годишно момче кое продавало детска порнографија и украдени дигитални податоци на нелегалниот пазар наречен дарк веб.

Младото момче од тетовското село Голема Речица е обвинет дека водел онлајн платформи за интернет-измами и продажба на украдени лични податоци. Против него Обвинителството отвори истрага.

При претресот, според тетовското Обвинителство, во неговиот телефон биле пронајдени и 29 видеоснимки со сексуална злоупотреба на деца.

„Оваа операција претставува прва заедничка координирана сајбер-операција меѓу МВР и ФБИ, потврдувајќи го значењето на меѓународната полициска соработка во откривањето и сузбивањето на современите форми на организиран компјутерски криминал“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Обвинителството се сомнева дека во текот на 2025 и 2026 година 20 годишното момче администрирал нелегална група на социјалната платформа „Телеграм“, во која нудел услуги и софтверски алатки за измами со незаконско враќање пари.

Полицијата пак во нејзиниот соопштение објавено еден ден претходно тврди дека сомнежите се однесуваат на периодот од 2023 до 2025 година, период во кој бил администратор на веб-страници на црниот пазар за софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела.

Според полицијата, истрагата започнала по информации добиени од ФБИ, по што била воспоставена координирана соработка меѓу американските и македонските истражители.

Според истрагата, главни корисници на оваа платформа биле сајбер-криминалци. Во периодот додека работела платформата, на неа биле понудени над 1.500 украдени податоци за пристап до сметки на физички и правни лица.

При претресот кај осомничениот, извршен со судска наредба, биле одземени два мобилни телефони. Во скриена папка на едниот од нив, според Обвинителството, биле откриени видеоснимките со сексуална злоупотреба на деца.

Дваесетгодишникот се сомничи за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и за делото кое во Кривичниот законик е именувано како „Производство и дистрибуција на детска порнографија“. Во соопштението, сомнежот за последното дело се поврзува со поседувањето на пронајдените снимки.

Обвинителството побарало притвор поради опасност од бегство и повторување на кривичните дела. Во соопштението не е наведено дали судот го прифатил барањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk