logo
logo
logo

МИЦКОСКИ ОД ПУСТЕЦ: Мала Преспа е доказ дека границите не можат да го избришат идентитетот

Vecer | 20.08.2026

МИЦКОСКИ ОД ПУСТЕЦ: Мала Преспа е доказ дека границите не можат да го избришат идентитетот

Чест ми е што денеска сум меѓу Македонците од Мала Преспа, која е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но, не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност, објави попладнево на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, што се одржува денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.

Од Мала Преспа премиерот порача дека ќе трае врската на Македонија и Македонците во Албанија.

Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас. Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации. Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа – објави премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk