logo
logo
logo

Стоилковски до Филипче: ВО ГОСТИВАР НЕМАШЕ КАПАЧИЊА НА ЧАШИТЕ КАКО НА ИГЛАТА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ

Vecer | 15.08.2026

Стоилковски до Филипче: ВО ГОСТИВАР НЕМАШЕ КАПАЧИЊА НА ЧАШИТЕ КАКО НА ИГЛАТА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ

Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача здружението на Венко Филипче. Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира! Фатен дека на иглата на вакцината има капаче, потоа ПРИЗНА ДЕКА ЛАЖЕЛ! И толку, никаква одговорност, како и секогаш кога Венко е фатен во лага. Денес во Македонија не владејат луѓе како Венко и тие околу него. Во Гостивар, Венко, денеска никој не лажеше, немаше капачиња на чашите како што имаше на иглата со којашто натера докторка да се снима дека вакцинира бебе коешто патем не било ниту дораснато за вакцинација – вели Стоилковски во неговата објава на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk