ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ГИ ОТКРИВА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

Vecer | 20.07.2026

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ГИ ОТКРИВА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВОДАТА ВО ГОСТИВАР
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Ниту една институција засега не ги објавува резултатите од испитувањата на квалитетот на водата од водоводот од Гостивар. Воадата е загадена и е забранета за секаква употреба, а во градот е прогласена епидемија.

Откако министерот за здравство, Сашо Клековски рече дека без дозвола на Јавното обвинителство нема да ги објави резултатите, новинарите побараа одговор од Обвинителството, но ниту од оваа институција не открија од што се јавија стомачните тегоби кај стотици гостиварци.

„Јавното обвинителство и натаму презема истражни дејствија за прибирање докази. Сите прибрани докази до овој момент, како и доказите кои допрва се очекува да бидат доставени се анализираат, за да се утврди состојбата од која ќе произлезе правна квалификација на евентуално сторено кривично дело и идентификација на сторителите. Постапката сè уште е во фаза на предистрага која е тајна. Веднаш по утврдување на сите околности и донесување на соодветна јавнообвинителска одлука јавноста ќе биде запознаена“, инфорираат од Јавното обвинителство.

Министерот Клековски, пак, рече дека не сакаат да се мешаат во истрагата.

– Испитувањата се направени на барање на Обвинителството и кога тоа ќе даде согласност јавно да се каже, ќе ги соопштиме резултатите. Не сакаме да се мешаме во истрагата – рече Клековски.

Тој додаде дека храната како причина отпаѓа.

Владината портпаролка Марија Митева рече дека надлежните институции постапиле навремено и дека е важно и брзото и ефикасно постапување на Обвинителството, за да се утврди одговорност.

Полицијата денеска ја уапси директорката на Јавното претријатие „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, а уапсени се и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk