logo
logo
logo

ЧЕТВРТИОТ ГРОБАР НА ЧЕЛО НА СДСМ ПРИЗНА: Не се враќаме ни на второ ни на прво место

Vecer | 09.04.2026

ЧЕТВРТИОТ ГРОБАР НА ЧЕЛО НА СДСМ ПРИЗНА: Не се враќаме ни на второ ни на прво место

Поранешниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостувањето во емисијата Ноќно студио на 4ТВ отворено говореше за незавидната позиција во која се наоѓа партијата по последните изборни резултати.

Тој призна дека СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање на релевантноста.

Ковачевски посочи дека изборниот резултат во урбаните средини е алармантен сигнал за новото раководство. Според него, партијата во големите градови завршила на третото или дури четвртото место, што е историски низок резултат.

„Во Скопје веќе не се враќаме од второ место на прво. Сега се враќаме од четврто или петто место кон врвот. Тоа значи дека пред ова раководство има огромна работа во креирање политики и анимирање на членството“, истакна Ковачевски.

Како една од главните причини за ваквата состојба, Ковачевски ја наведе поделеноста на политичкиот простор кој традиционално му припаѓаше на СДСМ. Тој објасни дека гласачкото тело на левиот центар сега е поделено меѓу четири различни политички субјекти: СДСМ, Левица, ЗНАМ, ЛДП.

„Сите овие партии адресираат еден ист политички простор. Центар-лево е фрагментиран простор на кој ќе треба многу да се работи, особено на идеолошкото поставување“, анализира поранешниот лидер.

Според Ковачевски, социјалдемократите се наоѓаат пред период на длабока реформа. Тој смета дека за враќање на СДСМ на повисоките места на политичката сцена не е доволна само механичка работа на терен, туку суштинско редефинирање на партиската идеологија за да се обедини распарченото гласачко тело.

Димитар Ковачевски е четвртиот претседател кој придонесе до катастрофални резултати за СДСМ. Пред него, за кататрофата придонесоа Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Владо Бучковски..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk