logo
logo
logo

Судот затечен...

Каде е Гоце...? УСТАВЕН ОСТАНУВА СО 7 СУДИИ - Судијата Наумовски поднел оставка

Vecer | 16.07.2026

Каде е Гоце...? УСТАВЕН ОСТАНУВА СО 7 СУДИИ - Судијата Наумовски поднел оставка

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд, информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

- До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши – информираат од Уставен суд.

Не се посочува зошто Наумовски ја поднел оставката.

По неговото заминување, Уставниот суд ќе остане со седум судии.

Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на 18 февруари годинава, со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk