logo
logo
logo

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ ЌЕ ГО САНИРА ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ, Општината и Градот немаат капацитет

Vecer | 16.07.2026

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ ЌЕ ГО САНИРА ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ, Општината и Градот немаат капацитет

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска соопшти дека Министерството ќе ја преземе обврската и ќе го санира пропаднатиот пат во Теферич, објаснувајќи дека Општина Кисела Вода и Град Скопје немаат капацитет да решат едно вакво сериозно свлечиште и проблематиката е далеку од нивните можности.

- Патот за Теферич е еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите коишто ги имаат Општина Кисела Вода и Град Скопје – информираше министерот.

Тој соопшти дека оваа одлука била донесена на владина седница, а со неа, Министерството го презема целиот проект и Николовски додаде дека очекува во наредната недела да биде распишан тендер за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот за санирање на патот кон Теферич.

-На седница на Влада донесовме одлука со којашто целокупниот проект го презема Министерството за транспорт и врски. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам во најскоро можно време, а тоа е непосредно следната недела, да се распише тендер за избор на изведувач“, рече Николоски.

Ова е можеби првата конкретна мерка која ја преземаат властите откако патот распука во февруари, а потоа дополнително се оштети во март, за денеска местото да изгледа застрашувачки, а единственото нешто што успеа Општината да го направи во врска со овој проблем е да натрупа земја и сено со што се обиде да го запре сообраќајот по овој исклучително опасен коловоз.

Според Извештајот и мислењето на Градежниот факултет, свлекувањето на оваа локација е агресивно и има нагон да се проширува, како што и можеме да видиме изминативе неколку месеци.

Патот распука само пет месеци откако беше саниран кон крајот на септември 2025 година, кога беше поставен нов тенок слој асфалт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk