logo
logo
logo

ИНСТИТУЦИИТЕ ПОСТАПУВААТ, ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ: Мицкоски за членот на неговото обезбедување кој ја нападнал сопругата

Vecer | 05.05.2026

ИНСТИТУЦИИТЕ ПОСТАПУВААТ, ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ: Мицкоски за членот на неговото обезбедување кој ја нападнал сопругата

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна на случај со припадник на неговото обезбедување кој е уапсен по пријава за физички напад врз сопругата.

Тој истакна дека во конкретниот случај институциите постапуваат и дека законот важи подеднакво за сите, без исклучок.

Мицкоски нагласи дека ова не е единствен случај поврзан со лица од неговото обезбедување и дека нема толеранција за какви било прекршувања.

Според него, системот функционира и постапувањето на надлежните органи е доказ дека нема заштитени лица, за разлика од претходни практики, како што рече, кога слични случаи не биле санкционирани.

Тој додаде дека не толерира недисциплина и дека секој што ќе го прекрши законот ќе сноси одговорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk