Tалогот во СДСM го надмина секое дно и оркестрирано шири паника за безбедноста на водата во Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСM да не си поигрува со здравјето на граѓаните водата е чиста и безбедна за консумирање, порача партијата.
„Талогот во СДСМ го надмина секое дно. Одредени центри блиски до СДСМ шират паника во Скопје обидувајќи се вештачки да креираат криза, хистерија и паника кај граѓаните дека водата е контаминирана. СДСМ шират паника по социјалните мрежи преку лажни пораки од активисти на СДСМ дека наводно во водата имало бактерии, дека е контаминирана и загадена со цел да создадат паника кај населението и поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДСМ кои работат со продажба на флаширана вода“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ со умисла создааат паника за одредени структури да профитираат, се вели во соопштението.
„Ова е безобразен, организиран напад на опозицијата, СДСМ и Левица, за ширење хистерија, страв и паника. Граѓаните на Скопје пијат чиста и безбедна вода, тоа го потврдија и сите надлежни институции. Секој ден се прават околу 40-тина анализи на вода од различни локации во градот Скопје“, додава партијата.
Скопје има една од 5-те најдобри води и извори на вода во Европа, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче од Грција, каде е на одмор кај Зоран Заев, дал насока до партиските послушници од СДСМ да креираат хаос и паника кај населението, бидејќи нема што друго да понудат на граѓаните. СДСМ да не си поигрува со здравјето на граѓаните. Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДСМ шират дезинформации за водата во Скопје. Јавното обвинителстви да почне да работи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата