СО АВИОН ОД СКОПЈЕ ДО ТИВАТ - Објавен датумот за старт на линијата

Vecer | 30.10.2026

СО АВИОН ОД СКОПЈЕ ДО ТИВАТ - Објавен датумот за старт на линијата

Од 1 мај ќе стартува авионската линија од Тиват до Скопје која во почетокот ќе соообраќа двапати неделно.

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, ова ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници, туку и за раст на туризмот и економијата.

- Она што пред 20 дена го разговаравме при нашата посета на Црна Гора, се реализира. Оваа авиолинија се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на бројот на патници, но и зголемување на туризмот и на бизнисот. Се надевам дека оваа авиолинија ќе ја користат многу луѓе, рече Николоски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

На средбата, двајцата вицепремиери разговарале и за развој на економската соработка и договориле следната година да се одржи голем бизнис форум на компании од двете држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk