Општина Карпош објави дека во текот на вчерашниот ден во соработка со полицијата биле направени вонредни инспекциски надзори над дивоградбите во Злокуќани.
„Општина Карпош, преку Секторот Инспекторат, во соработка со Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски контроли во УЗ Злокуќани.
При контролите беа утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти, по што се започнати соодветни инспекциски постапки“, објави самоуправата.
Паралелно, бил отстранет кабаст отпад од јавните површини на ул. „Скупи“ и во внатрешноста на населбата, а повеќе лица беа опоменати поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота.
„Инспекциските служби разговараа и со жителите за актуелните комунални проблеми. Општина Карпош продолжува со редовни инспекциски контроли и засилени заеднички акции со полицијата, со цел поголем ред, чистота и почитување на законските прописи“, додаваат од таму.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата