logo
logo
logo

Премиерот Мицкоски на Светосавска академија

„Ние не сме осудени да живееме еден покрај друг, туку сме судбински врзани да работиме еден за друг, еден со друг, за подобро заедничко утре“

Vecer | 27.01.2026

„Ние не сме осудени да живееме еден покрај друг, туку сме судбински врзани да работиме еден за друг, еден со друг, за подобро заедничко утре“

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерите Александар Николоски, Љупчо Димовски и Иван Стоилковиќ, министерот за култура Зоран Љутков, како и градоначалниците Сотир Лукровски и Максим Димитриевски вечерва беа на Светосавската академија во Скопје, заедно со претседателот на СНС и специјален преставник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, потпретседателката на владата и министерка за економија Адријана Месаровиќ, министерот за култура на Србија Никола Селаковиќ, претседателот на Собранието на Република Српска Ненад Стевандиќ и други важни гости.

- Вечерва бев на Светосавската свечена академија, на настан кој со својата духовна и културна димензија не потсетува на трајните вредности што не поврзуваат.

Денешниот ден посветен на светителот Сава ги истакнува просветата и духовното единство на српскиот народ, вклучително и на граѓаните кои живеат тука во Македонија, но во исто време е еден од камен темелниците на балканското духовно и културно наследство заедно со светлите ликови и датуми на останатите балкански народи.

Тие се нашата заедничка ризница и ние како генерација сме должни да ја негуваме меѓусебната почит и разбирање и на тој начин да ги продлабочуваме заедничките врски како народи.

Тука во Македонија со векови сме живееле токму така, како мозаик од различности, сме соработувале, сме се радувале на убавите работи, и сме тажеле заедно кога било тешко и заедно сме успевале да ги пребродиме сите предизвици. Доволно се делевме и спротивставувавме.

Кога соседите се почитуваат, кога културите се среќаваат и се надополнуваат, тогаш се отвораат нови можности и хоризонти за заеднички проекти, но и за трговија, за инвестиции, за млади кои учат еден за друг, еден од друг. Тоа е нашата иднина, иднината на регионот. Ние не сме осудени да живееме еден покрај друг, туку сме судбински врзани да работиме еден за друг, еден со друг, за подобро заедничко утре. објавуи премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk