ЕПИДЕМИЈАТА ВО ГОСТИВАР СЕ СМИРУВА - Здравствените власти предупредуваат на хипатит А и Е

Vecer | 28.07.2026

ЕПИДЕМИЈАТА ВО ГОСТИВАР СЕ СМИРУВА - Здравствените власти предупредуваат на хипатит А и Е
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Гостивар постепено излегува од актуната фаза на епидемијата, но здравствените власти остануваат на штрек. Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека состојбата се стабилизира , но поради ризикот од појава на нови заразни заболувања надлежните продолжуваат со засилен епидемиолошки надзор. Според него, во последните четири дена дневно биле регистрирани меѓу 80 и 125 нови први прегледи, при што се уште не може прецизно да се утврди колку од нив се директно поврзани со епидемијата, а колку се дел од вообичаените здравствени состојби. 

„Во јули, според повеќегодишните податоци, просекот во Гостивар бил околу 25 пријави за заразни заболувања, па ќе треба епидемиолошките анализи да покажат што е последица на епидемијата, а што е редовна појава“, рече Клековски.

Според последните податоци, регистрирани се 869 формални пријави, а епидемиолошки се анкетирани 602 лица. Министерот повторно апелираше граѓаните да соработуваат со здравствените служби за да може состојбата внимателно да се следи.

Во консултација со Комисијата за заразни болести е одлучено да се воведе здравствен надзор во постакутната фаза на епидемијата. Посебно внимание ќе биде насочено кон навремено откривање на хепатит А, хепатит Е и други заразни заболувања што би можеле да се појават по завршувањето на епидемијата.

Клековски најави дека до Центарот за јавно здравје, здравствените установи и матичните лекари ќе бидат испратени упатства за понатамошно постапување, како и насоки за информирање на населението.

Истовремено, Министерството за здравство започнува подетална анализа на текот на епидемијата, користејќи ги податоците од официјалниот систем за пријавување заразни болести, како и сите евидентирани случаи со дијагнози поврзани со ентероколит и слични заболувања од 1 јуни наваму.

„Целта е објективно и непристрасно да се утврди како се развивала епидемијата и како реагирал системот, по што јавноста ќе биде детално информирана“, изјави министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk