logo
logo
logo

Силен економски сигнал

ЕКОНОМИЈАТА ЗАБРЗУВА: ИЗВОЗОТ РАСТЕ ПОБРЗО ОД УВОЗОТ, Мицкоски со позитивни вести

Vecer | 05.09.2026

ЕКОНОМИЈАТА ЗАБРЗУВА: ИЗВОЗОТ РАСТЕ ПОБРЗО ОД УВОЗОТ, Мицкоски со позитивни вести

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат позитивен тренд во македонската надворешнотрговска размена, со раст на извозот кој е побрз од растот на увозот и намалување на трговскиот дефицит. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија, посочи дека особено охрабрувачки се резултатите за јули, како прв месец од третиот квартал, оценувајќи ги бројките како позитивен сигнал за економските движења во земјата.

– За првпат по подолг период имаме ситуација во која извозот расте побрзо отколку увозот. На тој начин се намалува дефицитот во трговската размена во првите седум месеци од годината, а тоа е особено изразено во јули, кој е прв месец од третиот квартал – истакна Мицкоски.

Според него, резултатите за јули се над очекувањата, особено во делот на извозот, додека растот на увозот, како што посочи, главно е последица на високите цени на нафтата и нафтените деривати на светските пазари.

– Кога би се стабилизирал тој дел од пазарот, разликата би била уште поголема, а трговскиот дефицит уште помал – додаде премиерот.

Мицкоски посочи дека економските показатели се уште еден доказ за подобрување на економската состојба во државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk