ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ Струмица - Ново Село, сообраќајот во прекин

Vecer | 14.08.2026

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ Струмица - Ново Село, сообраќајот во прекин
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село од полноќ е во прекин во двата правца поради случена сообраќајна незгода, соопшти Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај.

АМСМ информира дека собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што е можна појава на одрони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk