logo
logo
logo

ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ стопанисува со филтер-станицата кај Вруток направена во 2014 година

Vecer | 21.07.2026

ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ стопанисува со филтер-станицата кај Вруток направена во 2014 година

Проектот за филтер-станицата во рамки на изворот Вруток, кој се однесува на гостиварскиот водовод, е завршен во 2014 година и е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Мухамет Хоџа на прес-конференција посветена на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар.

Одговарајќи на новинарско прашање за проектот реализиран со поддршка на Швајцарската амбасада и за активностите преземени од Владата по последните случувања со водоводниот систем, министерот посочи дека проектот е реализиран пред повеќе од една деценија.

  • Доколку зборуваме за проектот за филтер-станицата во рамките на изворот Вруток, односно за гостиварскиот водовод, проектот е почнат во 2011 година, а е завршен во 2014 година – рече министерот.

Тој информира дека по завршувањето на проектот бил изготвен записник за примопредавање и системот бил предаден на локалното комунално претпријатие.

  • За истиот постои записник за примопредавање, по што објектот е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кое функционира во рамките на Општина Гостивар – изјави министерот Хоџа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk