logo
logo
logo

Никој во Европа нема модел како ТЕХНИЧКА ПРЖИНСКА ВЛАДА, но СДСМ смета дека експерименот треба да таре

Vecer | 13.01.2026

Никој во Европа нема модел како ТЕХНИЧКА ПРЖИНСКА ВЛАДА, но СДСМ смета дека експерименот треба да таре

Таканаречената “Техничка влада“, односно 100 дена пред избори да се заменат премиерот и, особено, министерот за внатрешни работи со функционери од опозицијата е производ на таканаречениот “пржински договор“ од 2015 година со кој, во тие и такви околности на “шарената револуција“ на СДСМ е измислен модел кој не постои никаде во Европа како услов за изборите. 

Како што е измислено, во истото време, и СЈО отпрвин како специјален обвинител-поединец за потоа да с е трансформира во Специјално јавно обвинителство од 120 вработени кое заврши - како корумпирана институција која нема статус во Уставот, неуставна, и која мораше да ги предаде списите од своето работење на Јавното обвинителство а против обвинителите и соработниците е поднесена кривична пријава за проневера од над 4 милиони евра од кои околу еден милион евра поделе помеѓу десетте обвинители и која вешто се крие по фиоките на обвинителството без да се отвори истрага и да ги утврди фактите. 

Тоа се процеси создадени во беззаконие и притисоци од улица кои, и во пракса, се покажаа како недемократски и незаконски производ кои донесоа штета на Македонија од која се уште се оправа.

Сегашната власт отвори процес на враќање во нормалните европски стандарди: 

- Укинување на моделот “100 дена опозициска влада пред избори - т.н. пржинска техничка влада“

- По предлози од неколку партии дебата за менување на изборниот систем со една наместо шест изборни единици со утврден цензус согласно европските стандарди за влез во Собранието.

Опозициската СДСМ одби да се преговара за укинување на моделот “техничка пржинска влада“. Партиите на македонските Албанци имаа спротиставени ставови.

По завршувањето на локалните избори, се обнови дебатата за улогата на “техничката влада“ во Македонија. За ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, времето на техничката влада предвидено со Пржинскиот договор беше потребно само во периоди на криза, и според нив, сега повеќе не е потребна.

ВЛЕН смета дека времето кога државата беше принудена да има техничка влада според Пржинскиот договор беше период на криза, предизвикана од владата на Мијалков и Груевски заедно со ДУИ на Али Ахмети и Муса Џафери и Блерим Беџети. Тие фигури – таа криза во моментот повеќе не постои, а државата и јавната администрација се способни да организираат кредибилни, фер, редовни и конкурентни избори, што го докажаа со локалните избори“, вели Беким Ќоку.

Меѓутоа, опозициските партии СДСМ и ДУИ се против укинувањето на Техничката влада. Од ДУИ истакнуваат дека проблемот не е решен. Арбер Адеми во емисијата „Клик Плус“ рече дека за време на локалните избори имало злоупотреба на државниот апарат, вклучувајќи и користење на инвестиции.

Дали имало злоупотреба на државниот апарат на локалните избори – имало, сите сме сведоци на тоа. Дали биле прекршени член 8А од Изборниот законик, каде се забранува пуштањето во употреба на инвестиции и слично? Сите знаете, не пред првиот круг, туку дури и еден ден пред вториот круг беа пуштени во употреба одредени инвестиции, пред изборите, за гласови. Ова покажува дека и покрај законските обврски од Пржинскиот договор, оваа Влада без легитимитет го прекрши овој законски долг со двe нозе и го деформираше изборниот резултат.“, вели Арбер Адеми.

Дебатата јасно покажува поделеност меѓу власта, која ја гледа техничката влада како застарена, и опозицијата, која бара нејзино зачувување за да се обезбеди фер и чесен изборен процес. За техничката влада се очекува да се разговара и лидерската средба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk