logo
logo
logo

УЖАС ВО ПРИЛЕП - Очув со месеци сексуално ја злоупотребувал малолетната поќерка!

Vecer | 26.08.2026

УЖАС ВО ПРИЛЕП - Очув со месеци сексуално ја злоупотребувал малолетната поќерка!

Против 48-годишен маж од Прилеп е поднесена кривична пријава под сомнение дека во повеќе наврати сексуално ја злоупотребувал својата малолетна поќерка.

Според информациите од полицијата, случаите се случувале во текот на август годинава, а жртвата е дете помладо од 15 години.

СВР Битола го товари мажот за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Полицијата не открива дополнителни детали за случајот, со цел да се заштити идентитетот и приватноста на малолетната жртва.

За наводите ќе одлучуваат надлежните институции во понатамошната постапка, а за пријавениот важи презумпцијата на невиност сè до правосилна судска одлука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk