logo
logo
logo

АКО ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ - ЌЕ ГИ ДОБИЕ, ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи

Vecer | 20.08.2026

АКО ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ - ЌЕ ГИ ДОБИЕ, ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи

Граѓаните не бараат избори, туку реформи. Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

– Граѓаните не сакаат избори. Граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада. Затоа ја направив онаа споредба на почеток „три спрема еден“ на перформансите на оваа Влада споредено со претходната влада. Ние, како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните, за да бидеме Влада четири години. Но, она што јас вчера го кажав ќе го потврдам, а тоа е доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира, ние нема да седиме на страна како кукавици, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме – изјави Мицкоски пред учеството на Амбасадорскиот совет.

Мицкоски изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат, и го повтори ставот дека неговата Влада доби мандат од четири години, кој завршува пролетта 2028 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk