logo
logo
logo

ВО ДРАЧЕВО ТЕПАЧКА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ: Од осмо до пред пензија

Vecer | 11.08.2026

ВО ДРАЧЕВО ТЕПАЧКА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ: Од осмо до пред пензија

Вчеравечер во Драчево се уапсени седуммина жители на Скопје кои учествувале во групна тепачка, во која користеле тврди предмети, соопшти МВР. Еден од тепачите нападнал и полицаец кој дошол да интервенира.

„На 10.08.2026 во 23:20 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Р.С.(63), Б.С.(37), Б.А.(20), О.С.(41), Н.С.(21) и Ѓ.С.(33), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени и тврди предмети, при што му била нанесена расеченица на 16-годишник, кој учествувал во пресметката.

Откако пристигнале полициски службеници, еден од учесниците со тврд предмет нападнал еден полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, велат од МВР.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk