Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска пред Собраниската комисија за надворешна политика упати сериозен апел за воспоставување државен консензус околу стратешките прашања. Тој истакна дека македонската дипломатија мора да се темели на заедништво кога се во прашање националните интереси, бидејќи внатрешните поделби ја слабеат позицијата на државата на меѓународната сцена.
Според Муцунски, малите држави како Македонија немаат простор за внатрешен „хаос“ во моментите кога нивните ставови се слушаат во големите светски центри и кај соседите. Тој нагласи дека целта е изградба на држава која самата го одредува својот правец и не чека другите да ја дефинираат нејзината иднина.
„Кога нè слушаат во Брисел, во Вашингтон, во Атина или Софија, мораме да говориме со еден глас за најважните прашања. Не за сите. Но, за оние оние што ја определуваат судбината на државата немаме луксуз за конфликт“, нагласи Муцунски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата