logo
logo
logo

Четворица во куќен притвор, ПРИТВОР ЗА ШЕСТ ЛИЦА ОБВИНЕТИ ЗА СТАВАЊЕ ЛАЖНИ ФИЛЕРИ И БОТОКС

Vecer | 25.04.2026

Четворица во куќен притвор, ПРИТВОР ЗА ШЕСТ ЛИЦА ОБВИНЕТИ ЗА СТАВАЊЕ ЛАЖНИ ФИЛЕРИ И БОТОКС

На шест лица осомничени за шверц и естетски интервенции со лажни филери и ботокс им е определена мерка притвор, а на четворица куќен притвор. На останатите девет приведени лица им се определени мерки на претпазливост.

– Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, Обвинителството, по сослушување на осомничените, за две лица го преиначи предлогот во мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост. Од останатите 9 предлози за притвор, судот уважи 6, а одби 3 и на овие 3 осомничени им определи мерка куќен притвор. Збирно од оваа акција во која предложени беа и мерки на претпазливост, судот на 6 лица им определи ефективен притвор, на 4 куќен притвор и определени се мерки на претпазливост на 9 лица – информира денеска Кривичниот суд.

Во акцијата спроведена во Скопје, Струмица и Битола беа приведени повеќе лица кои се сомничат за шверц и естетски интервенции со лажни филери и ботокс. Меѓу нив има и доктори од ГОБ „8 септември“ и Клиниката за дерматологија во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk