Во протетсите на “студентите“ во Србија кои набргу се претворија во организирани демонстрации на лица и “невладини организации“ со намера за насилно уривање на власта и државниот систем учествуваа и познати активисти на македонските “невладини организации“ на СДСМ и учесници на нашата “шарена револуција“.
Според финансиски извештаи на Народната банка на Србија, увид во уплати од странство кон наведените групи и “невладини организации“ за нивните активности во период од пет години платени им се неверојатни 1,3 милијарди евра! Во најголем дел уплатите се од последните две години.
Се користеа сите можни манипулации, лажни вести, и тековни проблеми за да се создаде хаос, недоверба во државниот систем и поттикнување на бес и гнев во јавноста за измислени случаи масовно публикувани преку социјалните мрежи како и портали и две телевизии блиски до опозицијата.
Патем, се истакнуваа политички барања блиски до потребите на финансиерите од странство: Признавање на независноста на Косово и отцепување на Војводина од Србија по косовскиот пример.
Целата ситуација, во помал формат, СДСМ и Левица ја реализираат последниве година дена во Македонија.
За нашите “студенти“ и партиски “невладини организации“на СДСМ од американската влада дознаваме дека се потрошени над 60 милиони евра за “шарената револуција“ и дека нивните лидери, експерти од општа пракса и новинари заработувале огромни износи од по 500-600.000 евра па и над милион евра како проектот “360“ степени на Васко Попетревски кој се состои од портал и емисија платена од МРТВ.
Тој модел на ширење лажни вести, дезинформации, паника во јавноста го видовме дек се се уште жив, и на дело, во ширење на лажната вест дека водата во Скопје е контаминирана, затруена и многу луѓе се по лекари, во болници но “мора да се ќути“ па јавноста се уште не знае...
Државата реагираше експерсно. Прво демант од сите јавни институции и ресорни функционери. Паралелно, полициска истрага од каде почнува ширењето на таа лажна вест и како е ширена во јавноста. Следат кривични и прекршочни постапки за свесно вознемирување на јавнсота и еносновано ширење паника од највисок степен на опсаност за јавноста.
Мицкоски: Се знаеше дека ќе извршат бомбардирење со таква лажна вест

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми.
На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на разговор и оттаму треба да се бараат детали.
Нагласи дека социјалните медиуми како никогаш порано сега се терен каде што секој пишува невистини и сè што сака без да има никаква одговорност, посочувајќи дека опозицијата такви невистини ширела и за населување мигранти, криза со струја, минатата година се испраќале лаги и конструкции за пожарите за да се создаде атмосфера на хистерија, страв и револт.
Очекува со новите измени во Кривичниот законик да има санкции и за лица коишто, рече, свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувства на немир и страв кај граѓаните.
- За жал, денеска преку социјалните медиуми се испраќаат вакви пораки кои претставуваат еден вид хибриден напад, пораки чија цел е да внесат немир, несигурност и револт кај граѓаните.
Разбирам дека имаме работа со безидејна и очајна опозиција која се обидува да креира и конструира хистерија на начин на кој можеби и се претерува, но, во ред, тие ја одбрале таа тактика да соберат политички поени, но ние ќе се бориме со проекти, со работа и со посветеност зашто на таков начин не можете поинаку да им се спротивставите и да им парирате.
Можете со работа и со проекти да се спротивставите на лагите и кнструкциите на безидејната, тажна и очајна опозиција. Но, повеќе го загрижува, рече, што во овој случај „има и некои повеќе комерцијални обиди“, бидејќи во еден ден, наеднаш, голем дел од маркетите ги испразниле своите количини и резерви на флаширана вода.
Во врска со обвинувањата од опозицијата која од Владата бара одговорност за водата во Гостивар, Мицкоски рече дека треба да се обратат кај градоначалникот на Гостивар кого го поддржале на изборите, а тој го поставил раководството на јавното претпријатие кое стопанисува со Водоводот. Ја упати опозицијата одговорност да бара и кај претходни министри, дел и од нивните редови, кои со години не презеле ништо иако имало извештаи за незадоволителен квалитет на водата во тој град.
- Нема да слушнете од СДСМ за одговорност од градоначалникот, бидејќи е нивни кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност таму каде што таа одговорност ја нема. Напротив, ние во Владата дадовме сè што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега односно за помалку од четири недели комплетно е прочистен системот како никогаш досега.
Ние како Влада обезбедивме преку четири недели, секој ден, од два до три шлепери вода, тоа се приближно 50-60 тони вода за пиење додека не се прочисти системот и додека параметрите не дојдоа на задоволителното ниво, а веднаш по првата недела обезбедивме техничка вода која можеа да ја користат граѓаните на Гостивар. Од овој момент па натаму грижата е целосно кај јавното претпријатие кое дава таква услуга – водовод во Гостивар - рече Мицкоски, додавајчи дека истрагата за водата во Гостивар треба да продолжи додека да се опфатат сите што имале и најмала одговорност и додека не се констатира кој е виновен за овој случај.
Дали по разоткривањето на ширењето хистерија и страв со лажната вест за затруена вода во Скопје, ширена најпрвин преку познати ботови на СДСМ и Левица преку социјалните мрежи, ќе го запре трендот на ваква политика на опозицијата. Секако дека не. Ќе помине некое време, и ќе има нов обид од нив.

Ако “невладините“ и опозицијата во Србија паралелно со “грижата за екологија и безбедност“ преку социјалните мрежи испорачуваа во прв план политички барања за признавање на независноста на Косово и отцепување на Војводина, и нашите тренирани од нив испорачуваат политички барања за прифаќање на бугарскиот ултиматум. Се е исто, само локацијата е различна.
И, кој го плаќа сето тоа. Во 1,3 милијарди стасани од странство кај српските “невладини“ кои демонстрираат подолго од 18 месеци има фонд кој оди кај “невладините“ на СДСМ во Македонија. Оттаму им се праќаат соопштенија, лесно детектирани, српски форми на израз и сленг кои буквално се преведуваат како соопштенија на СДСМ и во секое второ соопштение на СДСМ се спомнува Србија и Александар Вучиќ во негативен контекст иако тие не се дел од македонската политика за да бидат фокус на опозицијата во таа мерка.
За тие пари обврската им е освен да ја завршат “домашната задача“ овде, да работат и против актуелната српска влада па нивните пораки од Македонија таму се употребуваат против нивната актуелна власт како “рекации од регионот“.
Доволно е да се истражи колку пари од Србија, преку македонски фирми, портали платени за ПР текстови и сметки, се стасани кај “независните експерти“ на СДСМ од типот на Петар Арсовски или Марјан Забрчанец и партиските “невладини организации“ па да се види колку сериозен бизнис е да се биде “невладин“ активист.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата