logo
logo
logo

ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ДЕМИР КАПИЈА: Со години не се трпеле и се пријавувале во полиција, но никој НИ ДА ПРЕТПОСТАВИ дека ќе дојде до ТРАГЕДИЈА

Vecer | 16.05.2023

ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ДЕМИР КАПИЈА: Со години не се трпеле и се пријавувале во полиција, но никој НИ ДА ПРЕТПОСТАВИ дека ќе дојде до ТРАГЕДИЈА

МВР потврди дека утрово се пронајдени две тела во сопствените станови во зграда во Демир Капија, каде што претходно беше објавено дека се извршени убиство и самоубиство.

„Денеска (16.5.2023), во 6:50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопшти МВР.

Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.

Од СВР Велес најавија повеќе детали за настанот по завршување увидот, а демиркапијци вознемирени од убиството и самоубиството велат дека не се сеќаваат на таква трагична случка во минатото во нивната општина. Наводно, соседите веќе подолго време имале недоразбирања, за што и се пријавувале во полиција.

-Никој не можеше да претпостави дека состојбата до толку ќе излезе од контрола и дека ќе се случи ваква трагедија! Две семејства се завиени во црно. Помладиот демиркапиец се уште немаше оформено ниту свое семејство, повозрасниот минуваше низ тежок период и се соочуваше со болест на близок член во фамилијата. Сите сме во шок, раскажува за ,,Фокус” друг сосед.

Што точно се случувало во зградата и што претходело на настанот, ќе биде соопштено во тек на денот, изјавија од СВР Велес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk