logo
logo
logo

ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАСКОРО во посета на регионот

Vecer | 14.09.2026

ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАСКОРО во посета на регионот

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека наскоро преседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен треба да го посети Регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон започнување на пристапните преговори на земјава со Европската Унија. ​

-Изминатите неколку месеци сите работиме макотрпно, сѐ со цел таква работа да се случи. Се надевам дека наскоро ќе имаме регионална посета од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа ќе се случи две-три недели, така што јас навистина се надевам дека нејзината посета навистина ќе биде одлучувачки чекор кон започнување на пристапните преговори со Европската Унија, рече Рокас.

Прашан дали има некакви информации дека би можело да се донесат уставни измени со одложено дејство со цел да се одблокира евроинтегративниот процес, рече дека не може да сподели такви информации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk