logo
logo
logo

НА КОИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ ИМА НАЈМНОГУ ГУЖВА, а кои се пожелни за брз велз и излез

Vecer | 01.07.2026

НА КОИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ ИМА НАЈМНОГУ ГУЖВА, а кои се пожелни за брз велз и излез

Табановце, Богородица и Блаце се граничните премини со најголема фреквенција на патници. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) за 2025 година. Нашите граѓани често патуваат во Србија, Грција и Косово.

Македонските граѓани ги посетуваат наведените соседни земји поради шопинг, туризам, бизнис или одат кај роднини. Во соседна Србија, дел од македонските граѓани одат и поради здравствени услуги, конкретно посетуваат здравствени установи во Врање, но и во Ниш.

Преку граничниот премин Табановце лани во државата влегле 2.401.553 странски патници, а излегле 1.316.439 домашни патници. На Блаце влегле 2.331.897 странски патници, а излегле 1.375.822 домашни патници. Преку Богородица во земјава влегле 1.428.433 странски патници, а излегле 1.045.280 домашни патници. На граничниот премин Меџитлија лани од државата излегле 437.722 домашни патници, а влегле 480.473 странци. На граничниот премин Дојран во земјава влегле 274.368 странци, а излегле 204.251 домашен патник.

Жителите на јужниот дел на државата често ја посетуваат Грција.

„Гевгеличани одат во Грција за различни потреби. Летно време има метеж на граница, но преку цела година сепак одат во Грција. Го посетуваат јужниот сосед за прошетки, храна, не е толку скапо и да се руча во ресторан. Богородица е на неколку километри од Гевгелија, најпрактично е таму да се помине. Јас не сум користел друг премин, а не верувам дека и другите одат преку другите гранични премини. Најчесто одиме во Солун. Јас одам секоја недела во Грција, имам потреба, а другите веројатно еднаш или двапати месечно одат во Грција. Не е голем трошок да се оди во Грција, за 15 евра гевгеличани можат да отидат во Солун, да пијат кафе на море“, вели гевгеличанец.

Во 2025 година на Деве Баир излегле 208.394 домашни патници, а влегле 315.647 странци. На преминот Делчево влегле 117.595 странци, а излегле 156.981 домашни патници. Преку Ново Село од државата излегле 150.429 домашни патници, а влегле 205.494 странски патници. На Ќафасан излегле 345.140 домашни патници, а влегле 856.042 странци.

„Преку Ќафасан е најпрактично од Струга да се отиде во Албанија. Стружани обично одат на шетање во Албанија“, додава стружанка.

Дебрани велат дека тие во Албанија патуваат преку граничниот премин Блато. Кај западниот сосед одат за да се прошетаат, поради бизнис или да посетат роднини.

На преминот Блато за излез поминалев 226.881 домашни патници, а влегле 574.861 странци. Преку преминот Свети Наум во Македонија влегле 204.819 странци, а излегле 47.519 домашни туристи. Преку Јажинце лани излегле 314.970 домашни патници, а влегле 168.839 странци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk