logo
logo
logo

Силјановска Давкова со претседателката Друпади Мурму

ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНДИЈА КОЈ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 21.07.2026

ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНДИЈА КОЈ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Претседателката Гордана Силјановска Давкова имаше средба со претседателката на Индија Друпади Мурму.

- Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија, којшто престојува во официјална посета на македонската држава.

Разговаравме за македонско-индиските односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација.

Оваа посета е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија.

Заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и искуството од Движењето на неврзаните, се цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи, посочува Силјановска Давкова.

Претседателката на Индија, Друпади Мурму, која синоќа пристигна во официјална посета на Македонија, зад себе има една од најпотресните животни приказни меѓу актуелните светски лидери. Во период од само шест години, таа останала без речиси целото најблиско семејство. Во 2009 година ненадејно починал нејзиниот постар син Лакшман, на само 25-годишна возраст. Според индиските медиуми, точната причина никогаш не била целосно разјаснета.

Само четири години подоцна, во 2013 година, во сообраќајна несреќа починал нејзиниот помлад син Биринчи, кој имал 28 години. Со тоа, Мурму за краток период ги загубила и двата сина – трагедија за која подоцна ќе каже дека ја оставила во состојба на длабока болка и безнадежност.

Следувале уште две тешки загуби. Во 2014 година починала нејзината мајка, а во 2015 година и нејзиниот сопруг Шјам Чаран Мурму, банкар по професија, со кого била во брак повеќе од три децении. Во интервјуа Мурму открива дека по овие трагедии размислувала целосно да се повлече од јавниот живот, но спас пронашла во духовноста и медитацијата. Како долгогодишен следбеник на организацијата „Брахма Кумарис“, таа вели дека токму духовната практика ѝ помогнала повторно да најде сила и смисла, по што се вратила на политичката сцена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk