(Фото) ВАНДАЛИЗАМ ВО СКОПЈЕ - Запалени контејнери во Аеродром и Чаир

Vecer | 16.11.2026

(Фото) ВАНДАЛИЗАМ ВО СКОПЈЕ - Запалени контејнери во Аеродром и Чаир
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во текот на викендот, непознати сторители опожариле два пластични контејнери лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнери лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир.

Како што стои во соопштението на ЈП Комунална хигиена - Скопје, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, опожарените контејнери се заменети со нови.

- ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите - стои во соопштението.

Во текот на минатата недела, додаваат, екипите отстраниле вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавни и собраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии, вкупно 190 кубни метри, е отстратено во општината Центар.

Преку пост на фејсбук реагираше и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски:


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk