КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ОХРИД - Мерки за претпазливост за осомничениот напаѓач

Vecer | 16.11.2026

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ОХРИД - Мерки за претпазливост за осомничениот напаѓач
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Кристијан Корабоски од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик врз неговата девојка Сара Ѓоргиевска од Охрид, која беше исфрлена од возилото пред супермаркет. За Кристијан нема притвор, туку мерки за претпазливост, изречени од страна на судот. Кривична пријава ќе добие и таткото на Сара зашто на семејството на осомничениот му испратил порака со заканувачка содржина.

„На 15.11.2026 околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Преземени се мерки и набргу по настанот, во 5 часот и 5 минути часот К.К е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост. Во врска со настанот, на 15.11.2026 во 08:50 часот во СВР Охрид, Љ.К.(51) од Охрид, мајка на К.К., пријави дека Љ.Ѓ.(49), татко на девојката, на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син К.К. и на целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk