Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија.
- Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија. Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните.
Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, објави Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата