Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија.

Во фокусот на разговорите, како што напиша Мицкоски во објава на „Фејсбук“, биле европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија.
- Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните - напиша Мицкоски.
Премиерот посочи дека Владата продолжува со активностите за исполнување на реформската агенда и спроведување на политиките насочени кон европска интеграција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата