Во пукање со огнено оружје во Арачиново е ранет 48-годишен маж, соопшти полицијата.
„На 8.9.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен А.М.(48) од Скопје со повреди од огнено оружје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот на селото Арачиново, скопско, откако од возило едно лице кое го познавало, а кое било во придружба со друго лице, со огнено оружје пукало кон него“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата