logo
logo
logo

КРИТИЧНО ВО МАРИОВО - Неколку активни пожари ги демнат шумите

Vecer | 20.08.2026

КРИТИЧНО ВО МАРИОВО - Неколку активни пожари ги демнат шумите

Според најновите податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие низ Македонија беа регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор. Службите успеаја да изгаснат 31 пожар, еден е ставен под контрола, додека пет и понатаму се активни.

Најкритична останува ситуацијата во Мариово каде што пожарот кај селото Чаниште се шири во повеќе правци кон Крушевица, Лопатица, Црна Река и селото Орле.

Покрај Мариово, активни пожари има на уште четири локации:

Во Општина Студеничани, каде што гори мешана шума на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер.

Во Општина Македонски Брод, во месноста Видуш кај селата Драгов Дол и Локвица.

Во Општина Кичево, каде што има ново жариште кај селото Тајмиште во букова шума.

Во Општина Могила, кај селото Мојно.

Пожарот што го зафати депонијата во Делчево конечно е ставен под целосна контрола.

Во текот на изминатите 24 часа пожарникарите успешно ликвидираа пожари на десетици локации низ целата земја, меѓу кои во Сарај, Битола, Велес, Охрид, Гевгелија, Тетово, Гостивар, Куманово и Кочани. И покрај големиот број изгаснати жаришта, опасноста од избувнување нови пламени јазици останува висока и состојбата постојано се следи на терен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk