logo
logo
logo

КОШТА УТРЕ ВО СКОПЈЕ, како дел од петдневната турнеја низ Западен Балкан

Vecer | 01.06.2026

КОШТА УТРЕ ВО СКОПЈЕ, како дел од петдневната турнеја низ Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска ја почнува својата петдневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. Тој до 5 јуни ќе престојува во посета на земјите од Западен Балкан, каде ќе оствари средби со регионалните лидери и ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора.

Од Канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија во Скопје информираат дека во фокусот на разговорите ќе бидат можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Унијата, постепената интеграција на регионот, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

Турнејата ќе започне денеска во Сараево. Во вторник, на 2 јуни, Кошта ќе престојува во Тирана, а потоа ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. На 3 јуни е предвидена посета на Приштина, додека на 4 јуни ќе престојува во Белград. Регионалната турнеја ќе ја заврши во Црна Гора.

На 5 јуни, Кошта ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, посветен на темата „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk