logo
logo
logo

ГРАДСКИ ВОЗ СКОПЈЕ - ПРИШТИНА, најави министерот Николоски

Vecer | 01.10.2026

ГРАДСКИ ВОЗ СКОПЈЕ - ПРИШТИНА, најави министерот Николоски

За само една година граѓаните би можеле да патуваат со нов меѓуградски воз на релацијата Приштина – Скопје за само 50 минути!

Ова го најави министерот и потпретседател на Владата Александар Николоски на глобалниот настан „Денови на поврзување на Европа“ во Брисел, истакнувајќи дека директорите на железничките компании од двете земји веќе имаат состанок во Приштина за реализација на оваа заедничка линија.

– Пред три недели заедно со колегите од Косово започнавме нова автопатска врска -дел од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и пристаништето Бар во Црна Гора, која очекувам да биде изградена за три години. Денес директорите на железничките компании од двете земји се состануваат во Приштина за заедничка железничка врска, а следната година би можеле да имаме меѓуградски воз Приштина-Скопје кој ќе патува 50 минути, додаде Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk