logo
logo
logo

УАПСЕН ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР ВО ЦАРИНА, зел мито од над 15.000 евра, за да влијае во две постапки

Vecer | 10.09.2026

УАПСЕН ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР ВО ЦАРИНА, зел мито од над 15.000 евра, за да влијае во две постапки

Јавното обвинителство и полицијата потврдија дека е уапсен функционер од Царинската управа поради мито, откако е фатен како зема обележани 17.500 евра.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа, кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра. Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне“, соопшти Обвинителството.

Детали од настанот Обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, се додава во соопштението.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамки на преземените мерки и активности е лишено од слобода лице вработено како помошник директор во Царинската управа кое е затекнато при примање на претходно обележани пари во износ од 17.500 евра.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа. Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра“, информираше МВР.

По целосно документирање на случајот до ОЈО ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додава полицијата.

Во претходно лиферувана информација од надлежните беше соопштено дека е уапсен заменик-директор на Секторот за администрација, откако побарал мито во врска со тендер во Царинската управа. Кога ги зел парите не застанал на полициските наредби и избегал, но полицијата го фатила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk