logo
logo
logo

ЗАМИНУВА ЛЕТОТО - По пеколните горештини стигнуваат дожд, бури и освежување!

Vecer | 09.09.2026

ЗАМИНУВА ЛЕТОТО - По пеколните горештини стигнуваат дожд, бури и освежување!

Ги одбројуваме последните денови од летото. „Ситно“ броиме до промената на времето, која ќе нè „префрли“ од топло и суво доцно лето во рана есен, со сè уште топли, повремено посвежи, но секако многу попријатни денови. Врнежите, според актуелната временска прогноза ќе пристигнат веќе овој викенд.

„Втората декада од септември ќе биде многу попријатна во однос на температурата, без пеколна топлина, но и без радикално заладување, па температурите ќе бидат во нормалните граници на времето од годината. Можеме да очекуваме и повремени врнежи од дожд, но сушата нема да се искорени толку лесно, бидејќи претстојните врнежи од дожд нема да можат да го анулираат повеќемесечниот дефицит на врнежи зад нас. Но, важно е да се почне од некаде“, пишуваат регионалните меторолози во најновите прогнози за времето во овој месец.

Денеска и во четврток во Македонија наутро времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе биде нестабилно со слаб дожд, грмежи и силен ветер.

Поради огромната енергија во атмосферата, локалните процеси ќе бидат во форма на бури со интензивни обилни врнежи од дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа недела, наместо тоа, ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk